ЕК нема дилема: Фон дер Лејен ќе се сретне со „северномакедонскиот претседател“ и ќе се обрати пред „северномакедонскиот парламент“

Европската комисија во средата попладенот објави дека претседателската Урсула фон дер Лејен, утре во Скопје ќе се сретне со, како што стои во објвата на Твитер „северномакедонскиот“ претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски“.

Фон дел Лејен во 13 часот во четвртокот ќе има обраќање во „северномакедонскиот парламент“, стои во твитот објавен од Европската комисија.