ФОТО| Граѓаните одново ѝ порачаа на Владата: НЕ за ултиматуми и дека Македонија НЕ Е на продажба!

Пред владината зграда и во средата вечерта под мотото „Ултиматум, не благодарам“ почна десеттиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестниот марш започна од пред Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Народот и вечерва покажа сплотеност и решителност.

„Македонија не е на продажба, информацијата и да помине во Собранието, уставните измени не смеат да поминат. Ултиматум, НЕ благодарам! – порачуваат организаторите на протестот.

Илјадници граѓани застанати рамо до рамо вееја македонски знамиња и пееја македонски песни.

Погледнете ја фотогалеријата од денешните протести: