Северна Кореја ја призна независноста на „народните републики“ во Доњецк и Луганск

Северна Кореја во средата ги признала како независни држави двете одметнати доминантно руски и рускојазични самопрогласени „народни републики“ во Доњецк и Луганск на југоистокот на Украина, објавија сепаратистичките власи и руските медиуми.

Со овој потег Северна Кореја станува третата земја, по Русија и Сирија, која ја призна овие два ентитета со кои властите во Киев кои ја презема власта во превратот од март 2014 година поведоа граѓанска војна откако поруското мнозинство во Доњецк и Луганск.

Челникот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, на својот Telegram канал објави дека се надева на „плодна соработка“ и зголемување на меѓусебната трговија со Северна Кореја, меѓународно изолирана држава но со нуклеарно вооружување на 6.500 километри оддалечениот Корејски полуостров.

Амбасадата на ДНР во Москва објави и фотографија на којашто севернокорејскиот амбасадор во Русија, Син Хонг-чол ѝ го врачува документот за признавањето на претставничката на Доњецк, Олга Макеева.

Амбасадата на Северна Кореја во Москва во средата за агенцијата ТАСС потврдила дека Пјонгјанг ја потврдил независноста на двата проруски ентитета во југоисточна Украина.

Истовремено во Киев министерството за надворешни работи објави дека ги прекинува дипломатските, политичките и економските односи со Северна Кореја, како одговор на нејзиното признавање на независност на Доњецк и Луганск.

„Како одговор на ваквиот непријателски чин, Украина објавува прекинување на дипломатските односи до Демократска Народна Република Кореја. Политичките и економските контакти со… не се изведуваат поради меѓународните санкции за оваа земја“, објави украинската дипломатија на својата интернет страница.

Се додава дека Киев ја осудува одлуката на Северна Кореја да ги признае двата ентитета и се изразува уверување дека тоа „нема да има правни последици и нема да ги промени меѓународно признати граници на Украина“.