
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот во Собранието на Република Македонија на претседателката на европската комисија Урсала фор дер Лајен подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик каде стои:
– Ултиматум не благодарам
– Да за ЕУ, Не асимилација
– Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот
– Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна
– Ние сме Македонци не бугари
– Бугарија, засрами се
– Нема иднина без историја
– Македонија не е на продажба
– СДСМ предавници на народот
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена, низ улиците на главниот град.