
Во Македонија во четвртокот времето и натаму ќе биде без поголеми промени, ќе се задржи стабилно, претежно сончево со мала локална облачност на западот и истокот од земјата, и со слаб северен ветер. УВ индексот ќе има висока вредност 9.
Утринските температури се движат во интервалот од 7 односно 10 степени во повисоките западни и североисточни предели, 14 степени во централните региони до 19 Целзиусови степени во јужните делови.
Максималната дневна температура соодветно ќе се движи во распонот од 24 степени на западот, 28 во југоисточните и централни региони, до 34 степени на крајниот југ.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево. Утринската температура е 11 а максималната дневна ќе достигне 29 Целзиусови степени.