
Ако толку е фантастично добар предлогот за асимилација на Македонија зошто толку полиција во Скопје, од кого се плаши Предавникот Ковачевски?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Скопје е блокирано од полиција затоа што Ковачевски знае дека ја продава Македонија, јазикот, идентитетот и историјата.
Предавникот Ковачевски во своја фејсбук објава и самиот признава дека идентитетот, историјата и јазикот не се заштитени, и дека постои документ кој ги негира.
Предавникот Ковачевски знае дека ја предава Македонија. Затоа цело Скопје е блокирано од полиција, стои во партиското соопштение.