
Според истражувањето на туристичката компанија iVisa, градот Лисабон во Португалија е прогласен за најсреќна дестинација на светот.
„Познат по топлата, сончева клима, шарените, чудни згради, одличниот ноќен живот, фадо музиката и пријателските локални жители, главниот град на Португалија е еден од најживописните градови во светот“, пишуваат тие.
Освен што е прогласен за најсреќен град, Лисабон го зазеде и четвртото место на листата на најубави градови во светот на листата на U City Guide, веб-страница посветена на урбаните дестинации. Тој е дом на голем број познати знаменитости, вклучувајќи го манастирот Јеронимит и кулата Белем.
По Лисабон, на листата на најсреќни градови во светот се најдоа Барселона, Атина, Рим, Сиднеј, Мадрид, Торонто, Сан Хозе, Истанбул и Бангкок.