
Со овој предлог, прво, ние ќе бидеме вечно закочени, значи никогаш нема да влеземе во ЕУ, а второ, ние ќе бидеме криви, на нас ќе биде префрлена вината, кажа пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
„Дека ние не сакаме Гоце да е Бугарин, тој камен тие си го тргаат од глава. Се удоволува на фашистичките барања на Бугарија, бидејќи е нивна членка и тие се држат заедно.СДС со ова катастрофално владеење, сака да го оправда Преспанскиот договор, а од друга страна да не ви падне владата. Кај нас е традиција да се бара легитимитетот, не пред народот, туку пред странскиот фактор“, кажа Крмов.