
Рускиот претприемач и милијардер Роман Абрамович судски бара повеќе од милион американки долари од властите на Европската унија, објави американскиот деловен весник The Wall Street Journal повикувајќи се на своите извори.
Според упатените соговорници на весникот, Абрамович го оспорува воведувањето на санкциите против него и бара Европскиот совет да префрли милион долари на добротворната фондација којашто тој ја основаше откако беше принуден да го продаде лондонскиот фудбалски клуб Челзи.
Претходно беше објавено дека Судот на ЕУ во Луксембург разгледува бројни тужби поднесени од руски бизнисмени кои потпаднаа под европските антируски санкции поради војната во Украина. На 25-ти мај е поднесена тужба од Роман Абрамовил, на 24-ти мај од Михаил Фридман, на 23-ти мај од Петар Авен, на 6-ти мај од Алексеј Мордашов и на 29-ти април од Алишер Усманов, според Брисел блиски на руското политичко водство.
„Абрамович, кој исто така е и португалски (и израелски) државјанин, тврди дека санкциите претставуваат кршење на неговите основни права заштитени од ЕУ, чија членка е и Португалија. Тој бара отштета, барајќи од Европскиот совет да уплати повеќе од милиони долари во добротворната фондација во која се слеваат приходите од продажбата на Челзи“, пишува WSJ.
Весникот пишува натаму дека укинување на санкциите на ЕУ барал и Усманов. Во поднесоците пред судот се укажува дека финансиските последици од санкциите може да доведе до банкрото на три негови компании, што би влијаело на судбината на вработените и нивите семејства. Судот, наведува WSJ, судот го одбил барањето .
Се додава дек Усманов и неговата сестра Гулбахор Исмаилова ги оспориле тврдењата на ЕУ дека ја поддржуваа руската воена интервенција во Украина. Тие барале исплата од околу 20.000 долари отштета само поради вбројувањето на листата санкционирани. Авен и Фридман, исто така, го оспоруваат тврдењето на ЕУ дека тие се дел од сектори во руската економија, коишто „обезбедуваат значителен извор на приходи за руската влада“.