Дневен хороскоп за недела, 17-ти јули 2022-ри

ОВЕН
Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што другите го зборуваат, ќе сфатите дека ништо не недостига во вашата љубовна врска.

БИК
Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна. Го трансформирате вашето страсно расположение во креативност, која ве исполнува со драгоцена енергија. Големата мотивација ве инспирира да направите одлични деловни потези кои ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство.

БЛИЗНАЦИ
Денеска не е поволен ден за договори. Одложете сè за извесно време, бидејќи доколку сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот поглед се информациите кои се клучни за вашиот проект.

РАК
Должностите бараат концентрација и целосен ментален ангажман од вас. Фрустрирани сте од конфликтот меѓу вашата должност кон другите и потребата да се задоволувате себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчењето, а со тоа и од непријатното чувство на искористување.

ЛАВ
Транзитите укажуваат на можноста да влезете во конфликт со вашите најблиски. Кризата во семејството може да трае доколку не се потрудите и не преземете конкретни чекори, дури и ако тие ви се непријатни. Не заборавајте дека тие не се ваши непријатели.

ДЕВИЦА
Ве опседнува идејата да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои тим од луѓе со кои е можен независен бизнис. Запомнете дека таму каде што владее интересот, спијат љубовта и сочувството.

ВАГА
Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откритие. По прераспределбата на обврските, добивате неочекуван поттик од личност којашто досега не била пријателски настроена кон вас.

ШКОРПИЈА
Посакувате конкретни работи. Сè околу вас е досадно и не знаете за што да се фатите и да ја направите ѕвезда водилка на денешницата. Уморни сте од работа, а ниту односите дома не се подобри. Не се откажувај, меланхолијата е минлива, како овој ден.

СТРЕЛЕЦ
Во љубовните врски сте премногу ноншалантни. Вашата желба за слобода може да биде поттик за непријатни дискусии. Доколку не станете сериозни и прифатите критики, обична расправија може да се претвори во сериозен конфликт, а потоа и раскинување.

ЈАРЕЦ
Ненадејната средба отвора можност еден стар познаник да прерасне во романса. Бидете трпеливи со можните тешкотии на почетокот бидејќи сè ќе ви изгледа многу хаотично. Во текот на вечерта пристигнува неочекуван пресврт кој ќе ве потресе.

ВОДОЛИЈА
Се заплеткавте во маѓепсан круг. Решението е точно пред вашиот нос, но вие тврдоглаво се држите за старата приказна која ја оправдува целата блокада во која сте се нашле. Одговорноста ја префрлате на вашите најблиски, превидувате дека вие сте креаторот на вашата среќа, а не тие.

РИБА
Сте го пресметале математички вашиот љубовен живот, така што, според вашето мислење, нема шанси работите да не се одвиваат онака како што сте ги замислиле. Занемарувате дека не е лесно да се предвиди развојот на настаните, особено ако во односите се вклучени емоции.