Топло со попладневна локална нестабилност

Претпладне во недела во Македонија времето ќе биде сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи во јужните региони.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат меѓу 11 и 15 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 27 во западните високи области и 30 на истокот, меѓу 31 и 34 во централните делови до 38 Целзиусови степени на крајниот југ на земјата.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде топло со умерена облачност. Утринската температура се движи околу 18, а дневната ќе достигне до 34 Целзиусови степени.