ВИДЕО| Зеленски поради „бројни предавства“ ги отстрани шефот на разузнавањето и главната обвинителка

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изненадувачки издаде во неделата доцна вечерта налози за смена на првиот човек на разузнавачката Служба за безбедност на Украина (СБУ) и на главната државна обвинителка,

Наредбата за смена на шефот на украинското разузнавање Иван Баканов, инаку пријател од детството на претседателот Зеленски, и на главната обвинителка Ирина Венедиктова, која ги водеше случаите за можни воени злосторства на руските сили во Украина, се објавени на официјалната страница на претседателството.

Подоцна во видео-обраќањето преки Telegram каналот, Зеленски изјави дека ги сменил Баканов и Венедиктова „поради бројните факти за предавство меѓу вработените“ во секторите кои двајцата ви воделе.

„До денеска се регистрирани 651 кривична постапка за велепредавство и и колаборационистички активности на вработени во обвинителството, предистражните тела и другите агенции за спроведување на законот“, изјави украинскиот претседател.

„Конкретно, повеќе од 60 вработени во обвинителствата и СБУ остана на окупираните подрачја и работат против нашата држава“, рече Зеленски.

Според него, „таквите злосторства наметнуваат многу сериозни прашањата“ за сменетите челници и додаде дека „на секое од тие прашања адекватно ќе биде одговорено“.