Во Тоскана протестираат против LNG терминалите

Il rigassificatore galleggiante Bw Singapore acquistato da Snam, 6 luglio 2022. ANSA/ UFFICIO

Стотици луѓе се собраа во крајбрежниот тоскански град Пјомбино во саботата на протест против планот за градење терминал за течен природен гас (LNG) за кој владата во Рим вели дека е потребен за на Италија да ѝ се обезбеди доволно количество гас кога ќе дојде недостиг од енергенси.

„Пјомбино ни припаѓа нам, немате што да правите тука“, протестираа луѓето на улиците на градот од кој тргуваат траектите за популарниот острава Елба.

„Градењето на LNG терминалот во пристаништето на Пјонбино е погрешна одлука“, оцени градоначалникот Франчестко Фераи од радикално десната партија Браќа на Италија.

Локалното население вели дека терминалот ќе го уништи туризмот и ангажирале веќе адвокати коишто ќе ги застапуваат.

Според владините планови, крај Пјомбино следните три години би требало да биде вкотвен брод за да се доставува течен гас во обем до 6,5 отсто од годишната потрошувачка на Италија. Според медиумите, терминалот би можело да биде ставен во функција до март 2023 година.

Како и најголемиот дел од Европа, и Италија најголем дел од гасот го увезува од Русија. Но откако започна војната во Украина, Европската унија попушти пред притисоците од САД и се обидува да ја намали зависноста од руските енергенси. Покрај тоа, поради западните санкции, загрозени се и пополнувањата на европските складишта за гас преку испораките од Русија.