
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека протоколот со кој Македонија ќе треба да исполнува бугарски желби, ја отвора вратата за преговори за Албанија, но не и за нашата држава. Според него, тој е дипломатски нокаут и капитулација. Тој посочи дека за почеток на преговорите ќе треба промена на Устав и вметнување на Бугарите, а тоа нема да се дозволи од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова, Мицкоски смета дека ќе може да се промени преговарачката рамка, пред да биде усовена.
„Како дипломатски нокаут и капитулација. Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија, а ја подзатвори за Македонија. Како што Генчовска кажа, вистинската Меѓувладина конференција нема да се одржи сега, туку со промена на Уставот. А дека тоа нема да се случи гарант е ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нема 2/3 власта во Парламентот. Генчовска даде пример дека не го признава македонскиот јазик, дали ние ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик. Генчовска бара Бугарите да бидат во Уставот, а бара ние да се откажеме од Македонците во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет? Можам и други примери да дадам. Но во суштина зборуваме за дипломатски нокаут за Македонија. Има европска иднина за граѓаните на Албанија, не за граѓаните на Македонија“, кажа Мицкоски.