
Директори на словенечка компанија се осудени на условен затвор поради обид за измама на тендер финансиран од Кохезискиот фонд на Европската унија, што е прва пресуда во постапки коишто во Словенија ги покрене Европското јавно обвинителство (EPPO).
Споменатото обвинителство во понеделникот објави дека судот во Марибор донел пресуда според којашто две лица и една компанија се прогласени виновни за манипулации на штета на буџетот на Европската унија.
Според пресудата, двајцата директори на компанија се пријавиле на владин тендер за кофинансирање на набавка и вградување уреди за производство на електрична енергија, предавајќи лажни изјави и документи.
На тој начин се обиделе да добијат 31.300 евра неповратни средства, но нивната намера е откриена па субвенциите не им се исплатени. Сега и двајцата се осуден на седум месеци затвор условно замените со две години, а компанијата мора да плати 10.000 евра.