Тројца убиен во трговски центар во Индијана

Вооружен напаѓач убил три лица во неделата во ресторна во трговски центар во Индијанаполис, во американската сојузна држава Индијана, пред да биде застрелан од вооружен случаен минувал, извести началникот на полицијата во Гринвуд.

„Вистински херој на денот беше граѓанин кој законски носел огнено оружје во тој ресторан и успеал да го запре напаѓачот речиси на самиот почетокот“, изјави за новинарите началникот Џим Ајсон.

Вооружениот случаен минувач го опишал како 22-годишник од блискиот округ Бартоломеј, извести весникот Indianapolis Star.

Уште две лица се ранети во инцидентот кој се случил во рамите вечерни часови по локално време во трговскиот центар „Greenwood Park Mall“. Меѓу нив е и 12-годишно девојче со полесна повреда. Другите жртви и настрадани се на возраст од раните 20-ти до 30-ти години, а само една меѓу нив е жена.

Според првичните сознанија, напаѓачот чиј идентитет и мотиви сѐ уште не се објавени, веројатно бил вооружен со „долга цевка“ со неколку магацини со муниција.

На теренот биле повикан и тим пиротехничари, бидејќи ранец без сопственик бил најден во близина на местото на инцидентот. Во истрагата се вклучени припадници на FBI, ATF, Одделот за внатрешна безбедност и на полицијата на Индијанаполис.