Во Скопје санкционирани 95 возачи, половината за пречекорување на брзината

Министерството за внатрешни работи во текот на неделата (17.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 95 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон…