
Главниот советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави во вторникот дека Украина не сака војната да трае до зимата, бидејќи тоа на руските сили би им дало време да отежнат секаков обид за украинска контраофанзива.
Во интервјуто за украинското списание НВ, шефот на кабинетот на претседателот Андриј Ермак изрази надеж дека американската воена помош на Украина ќе овозможи доволно количество вооружување пред зимата за да можат украинските сили да „постигнат победа“ пред тоа.
„Многу е важно за бас да не влеземе во зимата. По зимата, кога Русија ќе имаат повеќе време да ги задржат позициите, сигурно ќе биде многу потешко“, вели Ермак.
Оцени дека Русија се обидува да ја „вовлече“ Украина во „таков продолжен судир“. Но американскиот министер за одбрана Лојд Остин пред повеќе од два месеца изјави дека целта на САД е со вооружувањето на Украина меѓу другото сакаат што подолго да се исцрпува воената моќ на Русија за да не претставува закана за Европа.
Русија повеќепати објави дека нема временско ограничување за постигнувањето на целите на нејзината, како што ја нарекува, изнудена превентивна специјална воена операција за осигурувањето на сопствената безбедност.
Претходно во вторникот украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников во текот на видео-конференцијата на Атлантскиот совет (The Atlantic Council), изјави дека Киев очекува од западните партнери да добие противвоздушни ракетни системи NASAMS, како и проектили со долг дострел.
Во јули САД објавија дека издвоиле нов пакет воена помош за Украина во износ од 820 милиони долари, кој вклучува и дополнителни американски повеќекратни ракетни системи HIMARS со долг дострел и 150.000 артилериски проектили од калибар 150 мм за долг дострел и два норвешки противвоздушни ракетни комплекси NASAMS, како и четири анибатериски радари. Претходно во вторникот секретарот на Советот за национална безбедност, Алексиј Данилов, рече дека Киев очекува во скоро време да ги добие ракетите со долг дострел, до 80 километри, за американски системи HIMARS.
Украинската војска, којашто пред десетина дена најави почетокот на противофанзива во регионите кои ги заземаа силите на проруските сепаратисти и руските војски но која сѐ уште се сведува на гранатирања, вели дека со проектилите со долг дострел веќе наводно уништила складишта со муниција за руските сили.
„Од нашите партнери ги очекуваме системите NASAMS и ракети за нив. Ги очекуваме NASAMS подоцна годинава“, рече Резников.
„Верувам дека порано или подоцна од партнерите ќе добиеме оружја со долг дострел. Ваквите одлуки ќе биде полесно да бидат донесени, откако нашите партнери ќе се уверат дека целосно ги исполнување нашите обврски (да не гаѓаат цели на територијата на Русија -з.р.) и ефикасно ја користиме целата опрема што ја добиваме“, додаде Данилов.
Русија од претходно испрати предупредување и нота до земјите членки на НАТО поради испораките на вооружувања со долг дострел, со кој украинските градови ги гаѓаат цивилните населби во одметнатите проруски региони Доњецк и Луганск кои секојдневно известуваат за по десетина цивилни жртви.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди дека земјите од НАТО „си играа со оган“ со доставување на таквите оружја на Киев, кои според него не придонесуваат на постигнување мировен договор меѓу двете страни, туку сам придонесуваат за продолжување и ескалација на судирот и поради кои гинат цивили.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица, исто така, предупреди дека испораките на Киев на западни оружја со долг дострел, ќе предизвикаат руски удари врз цели и градови во Украина кои досега беа поштедени од дејствијата на руската артилерија и ракетни сили.