Пад на Волстрит на почетокот од седмицата

На њујоршки Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа, бидејќи деловните резултати на компаниите не беа импресивни и затоа што наскоро американската централна банка Federal Reserve (Fed) повторно агресивно ќе ги зголеми клучните каматни стапки,

Индексот Dow Jones ослабе за 216 индексни поени или за 0,69 отсто, на 31.072 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,84 проценти, на 3.830 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,81 отсто, на 11.360 поени.

А на европските берзи, пак, во понеделникот цените на акциите порасна Така, лондонскиот FTSE индекс закрепна за 0,90 отсто, на 7.223 поени, франкфуртскиот DAX порасна за 0,74 отсто, на 12.959 поени, а парискиот CAC скокна за 0,93 отсто, на 6.091 индексен поен.

На самиот почеток на тргувањето на Волстрит индексите беа во позитивната област, бидејќи инвеститорите се надеваа дека е можно продолжувањето на растот на акциите. Во петокот, имено, силно пораснаа бидејќи спласнаа стравувањата на вложувачите дека Fed ќе ги зголеми клучните каматни стапки за цел процентен поен.

Меѓутоа, во понеделникот ентузијазмот спласна, бидејќи поради високата инфлација американската централна банка ќе мора агресивно да ги зголеми клучните камати на јулската седница, можеби не за цел процентен поен, но речиси сигурно за 0,75-процентни поени.

„Навистина е тешко да се задржи нагорниот залет на пазарите. А тоа вообичаено е приказна на ‘пазарот на мечката’“, вели за Reuters Рос Мејфилд, стратег во компанијата „Baird“.

Ниту кварталните деловни резултати на компаниите не беа импресивни. Додуша, повеќето компании и банки известуваат за подобри отколку што се очекуваше резултати во второто тримесечје.

Меѓутоа, резултатите се подобри од очекуваното поради тоа што очекувањата беа ниско поставени. Така, на пример, цената на акциите на „Goldman Sachs“ малку порасна откако оваа инвестициска банка извести за помалиот отколку што се очекуваше пад на заработката во изминатиот квартал, за 48 отсто.