
Причина за падот на хеликоптерот од моделот „Black Hawk“ на воено поморските сили на Мексико во кој загинаа 14 маринци, е останување на леталото без гориво, пренесе ноќта кој средата весникот Milenio.
„Хеликоптерот на министерството за воена морнарица, кој се урна во општината Лос Мочис во сојузната држава Синалоа во текот на операцијата за апсење на наркобаронот Рафаел Каро Кинтеро (…) се урнал поради тоа што останал без гориво“, наведува електронското издание на весникот повикувајќи се на извори блиски до истрагата.
Хеликоптерот со кој се превезувале мексикански маринци се урнал на селското фудбалско игралиште во петокот по завршувањето на операцијата за апсење на поранешниот шеф на нарко-картелот Гвадалахара. Во леталото имало 15 лица, едно од нив го преживеало падот и е хоспитализирано со тешки повреди.
Изворот на весникот Milenio ја негирал верзијата дека хеликоптерот бил соборен од криминалците како одмазда за апсењето на нарко-босот, бидејќи истрагата утврдила дека во зоната на несреќата нема места кои би биле погодни за заседа. Покрај тоа, на местото на падот не се најдени траги на пожар.
Хеликоптерот од моделот „Sikorsky UH-60 Black Hawk“ е повеќенаменско двомоторно летало на американскиот производите „Sikorsky Aircraft“, Од раните 1990-те години неколку десетици вакви летала се во составот на мексиканската армија и војска.