
Во пријателскиот натпревар одигран во Хјустон пред 61.000 гледачи, англискиот фудбалски првак Манчестер Сити го победи мексиканскиот Клуб Америка со 2:1.
Двата погодока за „Граѓаните“ ги постигна белгискиот репрезентативец Кевин де Брујне, во 30 и 45 минута, додека за Америка стрелец беше Хенри Мартин во 43 минтута.
Новото засилување на англискиот шампиони Норвежанецот Ерлинг Халанд не настапи на овој меч, а би можел да дебитира во сабота против Баерн Минхен.
А германскиот шампион во Вашингтон го победи Диси Јунајтед со 6:2. Баварците поведоа со 5:0, домашните намалија на 5:2, а Баерн потоа го постигна и шестиот погодок на мечот.
Новите засилувања на Баерн, Садио Мане и Матијас де Лихт ги постигнаа дебитантските погодоци, а меѓу стрелците се впишаа и Марсел Забитцер, Серж Гнабри, Џошуа Циркце и Томас Милер. За американскиот тим стрелци беа Леланд и Кју-Дипјетро.