Земјотрес од 4,8 степени ги вознемири граѓаните на Истанбул, Бурса и Измир (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во западна Турција.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 8 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на околу стотина километри југозападно од Истанбул, а EMSC известува дека се почувствувал и во Истанбул, но и во други поголеми градови како Бурса и Измир.