
Соединетите држави веруваат дека руската војска претрпува загуба од повеќе стотици војници во војната во Украина и дека наводно веќе загубила илјадници офицери, изјавил во петокот американски функционер кој барал да биде неименуван.
Американското разузнавање проценува дека руските загуби во Украина од почетокот на војната достигнале „околу 15.000 загинати и можеби 45.000 ранети“, изјави во средата директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, додавајќи дека Украина, исто така, претрпела „значителни загуби“.
Американскиот функционер, кој како што пренесува Reuters, зборувал под услови на анонимност, рекол делка освен „загинатите поручници и капетани, убиени се и стотици полковници и многу руски генерали“.
„Командниот систем сѐ уште се бори со тоа“, рекол функционерот без да наведе докази и извор на податоците.
Русија смртните случаи на припадниците на вооружените сили го класифицира како државна тајна во секој период и последниот пат во врска со украинската војска објави информации на 25-ти март кога објави дека загинале 1.351 војник.
Високите функционери во Киев, како Михаил Подолјак, советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, и министерот за одбрана Олексик Резников кон средината на јуни, кусо по објавата на претседателот Владимир Зеленски, објавија дека Украина бележи дневно меѓу 100 и 200 загинати и до 500 ранети борци.