
Обединетите нации се одговорно за почитувањето на договорот за извозот на украинските житарки кој претходно во петокот попладнето во Истанбул го потпишаа Украина, Русија, Турција и ОН, порача украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Сите сфаќаат дека Русија е подготвена на провокации и обиди да се дискредитираат украинските и меѓународните напори. Но ние им веруваме на ОН. Сега на нив е одговорноста да го гарантираат почитувањето договорот“, тврдеше Зеленски во најновото редовно ноќно видео-обраќање.
Русија и Украина во петокот во Истанбул го потпишаа со Турција и ОН договор за извозот на украинските житарки блокирани во украинските црноморски пристаништа поради вооружениот конфликт меѓу двете земји.
Двете завојувани земји парафираа идентични но одвоени документи, по барање на Украина која не сака со Русија да потпише никаков документ. и претходно објави дека „Украина не потпишува никаков документ со Русија“.
Од друга страна, Турција ќе ѝ биде гарант на Русија, дека бродовите кои ќе пловат кон четирите украински пристаништа да ги преземат украинските житарици нема да доставуваат оружје за Украина и ќе ги прави проверките.
„Договорот во целост им одговара на украинските интереси“, рече уште украинскиот претседател додавајќи дека украинските војници „100 отсто ги контролираат сите приоди кон пристаништата“.
Според Зеленски, договорот ќе овозможи да бидат извезени околу 20 милиони тони од ланските и годинешните летини.
„Станува збор за приходи на земјоделците, на целиот аграрен сектор и државниот буџет. Тоа се работни места. Сега имаме житарки во вредност од 10 милијарди долари“, рече Зеленски.
„Постои можност да се намали тежината на прехранбената криза којашто ја предизвика Русија и да се спречи светската катастрофа – глад која можеше да доведе до политички хаос во многу земји, во прв ред во оние коишто ни помагаат. Ова е уште еден доказ дека Украина е способна да се одбрани во оваа војна“, тврдеше Зеленски.