
Украинскиот претседател Владимир Зеленски вели во интервјуто за весникот The Wall Street Journal од кој исечок е објавен во петокот, дека прекинот на огнот со Русија без враќање на загубените територии само би ја продолжило војната.
Украинскиот претседател предупредува дека „прекинот на огнот кој на Русија ѝ овозможува да ги задржи окупираните украински територии заземени инвазијата во февруари само би поттикнал поширок судир, давајќи ѝ ја на Москва многу потребната можност да ја обнови својата војска и да се вооружи до обновената војна“, пренесува агенцијата Reuters.
Од овој исечок се добива впечаток дека Зеленски не инсистира во разговорот на териториите на црноморскиот полуостров Крим, како и на териториите на југоисточните региони Доњецк и Луганск, населени доминантно со руско и рускојазично население кои по превратот во 2014 година се под контрола на проруските сепаратисти.
„Замрзнувањето на судирот со Руската Федерација значи пауза за одмор за Русија“, додал Зеленски.