
ОВЕН
Не чекајте некој да ви даде знак дека треба да сторите нешто, да бидете практивни и ажурирни. Денеска можете да иницирате суштински промени поврзани со пријателите, љубовниот партнер и децата. Бидете силни, држете се до фактите и успехот нема да ве одмине. Во моменти на евентуална неизвесност, направете чекор наназад за да разберете каде грешите.
БИК
Доколку решите само да седите и да ги препуштите финансиските одлуки на другите, без оглед на целата ваша работа и напор досега, нема да постигнете успех. Денеска свртете се кон склучување договори, решавање правни прашања и финсиски порамнувања. Колку побрзо се посветите на оние работи што ви се здодевни или вклучуваат луѓе што не ги претпочитате, толку подобра добивка ќе имате.
БЛИЗНАЦИ
Без оглед на вашите деловни обврски, треба да испланирате социјален настан што ќе ви помогне да се приближите уште повеќе до саканата личност, пријателите или децата. Ќе се чувствувате најдобро во поголеми групи луѓе и кога работите во тим. Покрај тоа што ќе можете непречено да ги искажете своите мисли, повратните информации ќе бидат одлични.
РАК
Не дозволувајте некој од вашето домаќинство или личност што ја видовте неодамна да ве збуни толку многу што ќе пропуштите можност што може позитивно да ја промени вашата финансиска иднина. Проблеми може да создаде некој од вашите постари пријатели или колеги, појасните и порачајте дека нема да се откажете од вашите објави.
ЛАВ
Можете да ги дознаете потребните информации со независно истражување, доколку одите директно до нивниот извор. Денеска нема да можете да се потпрете на мислењата на другите, па дури и не обидувајте се да најдете покус пат до вашата цел. Во приватниот живот сигурно нема да ви се допадне промената, но на крајот ќе биде најдоброто нешто што може да ви се случи.
ДЕВИЦА
Некој ќе се обиде да ве забави или премногу да го контролира она што се обидувате да го направите. Можни се проблеми поврзани со домот и домувањето, и сите промени што знаете дека треба да ги спроведете сигурно ќе ве искушуваат. Наместо да реагирате веднаш и насилно, подобро повлечете се и оставете го времето прво да го направи своето.
ВАГА
Не секој ќе биде на ваша страна или ќе размисли што најмногу ви одговара. Грижете се за сопствените интереси и бидете подготвени да направите промени штом почувствувате дека нешто не оди во насоката што сте ја избрале. Понекогаш заборавањето на минатото е единствениот начин да се продолжи понатаму. Донесете одлука, но не давајте во ова време.
ШКОРПИЈА
Ќе бидете многу креативни, но не брзајте и не бидете непромислени, бидејќи со добра волја можат да доведат до посериозни финансиски проблеми. За да бидете успешни и да продолжите непречено, запрашајте се зошто и како правите нешто. Патувањата и разговорите за плановите за во иднина ќе помогнат. Некоја важна личност ќе ви ги објасни своите интереси.
СТРЕЛЕЦ
Размислете за сѐ што треба да направите денеска, а потоа заземете поцврст став и забрзајте ги луѓето за кои мислите дека ве спречуваат. За да ги постигнете вашите цели и околината да ве сфати посериозно, ќе треба да заземете малку поагресивен став. Може да добиете приватна услуга, доколку покажете дека сте подготвени за компромис, дадете малку денеска за да добиете многу утре.
ЈАРЕЦ
Не донесувајте конечни одлуки додека не бидете сосема сигурни во нив. Имено, денеска постојат веројатно проблеми со луѓе со авторитет, а правилата и општествените норми можат само да ве забават. Држете се до она што го знаете и луѓето на кои им верувате. Новите познанства можеби се поинтересни, но запомнете дека секој гледа во себеси.
ВОДОЛИЈА
Изберете ја патеката каде што очекувате најмал отпора. Доколку се обидете да им се спротивставите на другите или мислите да направите нешто и покрај тоа, ќе се соочите со предизвици што на крајот ќе ве доведат до стагнација. Бидете внимателни со претпоставените, покажете дека размислувате конзервативно и дека знаете да пресметате кога е потребно.
РИБИ
Слушајте сѐ што ви велат другите, но не им попуштајте на оние кои упорно ве убедуваат во нешто што за вас нема смисла. Многу е важно да молчите денеска, затоа што ненамерно би можеле да вознемирите некој од вашите деловни партнери или клиенти. Избегнувајте патување затоа што тоа може да ве чини премногу финансиски и држете се подалеку од пороците.