
Времето во Македонија во саботата ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност на повисоките места и со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 9.
Утринската температура се движи од 13 до 20 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервалот од 32 степени во западните и 35 во североисточните планински области, 35 степени на југозападот и 38 степени на југозападот, до 41 Целзиусови степени на крајниот југ.
Во Скопје и околината утринската температура се искачи до 19-от степен, додека во текот на денот се очекува да достигне максимални 39 Целзиусови степени.