Бројот на жртвите од поплавите во Иран се зголеми на 11 и 13 исчезнати

Бројот на жртвите во поплавите во јужната иранска покраина Фарс во неделата се искачи на 11 лица, а уште 13 други се водат како исчезнати, пренесува агенцијата IRNA.

Претходно беше известено за шест жртви во поплавите и неколку повредени. Во моментов бројот на повредените изнесува 55 лица.

Според локалните медиуми поплавата во провинцијата Фарс, која има долга историја на вакви природни катастрофи, започнала ненадејно и изненадила илјадници граѓани кои спасот од горештините викендов го побарале на бреговите на реката Родбал.

Локалните власти ставуваат дека бројот на загинатите и повредени може да биде многу поголем и се споменуваат процени од најмалку дваесетина жртви. Најпогодена област е околината на градот Естехбан, каде локалните медиуми пренесуваат сторија за три момчиња кои спасиле од сигурна смрт многу локални жители и туристи извлекувајќи ги од поројните води.