ВИДЕО| Пожар близу аеродромот Хитроу, пистите во чад

Пожарникарите во Лондон се борат со дивиот пожар што избувна во Лондон.
Состојба на голема опасност е прогласена и во Сари, каде голем пожар излегол од контрола.

Противпожарната и спасувачката служба на Сари ги повика околните жители да ги држат затворени прозорците и домашните миленици внатре додека не се изгасне пожарот во природниот резерват од 560 хектари.

Пожарот во Англија се приближи и до аеродромот Хитроу, пистите се во чад, но во моментов тоа не влијае на неговата работа, пренесе Блиц.рс.