
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер регистриран во Хрватска
Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа Петриња во Хрватска, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според истиот извор, земјотресот го стресе тлото во Банија во 12:33 часот, а епицентарот бил на 14 километри југозападно од Петриња, на длабочина од пет километри.
Читателите на сервисот EMSC напишаа: „силно татнеше“, „долго се тресеше, дури и надвор на терасата“. „Кучето беше многу исплашено. Цела куќа се заниша“, „Ѕвонеа садовите. Многу непријатно чувство“, се дел од искуствата на жителите на Петриња и околината.