
На азиските берзи цените на акциите во вторникот пораснаа но се тргува претпазливо, бидејќи оваа седмица се очекуваат ново зголемува на каматните стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed), деловните квартални резултати на низата технолошки гиганти и податокот за американскиот бруто домашен производ (БДП) кој може да покаже дека најголемата светска економија е во рецесија.
Индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи без јапонските, околу 7 часот беше во плус од 0,4 отсто, по вчерашниот благ пад. Притоа на Токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонгконг пораснаа за меѓу 0,3 и 1,5 отсто.
Азиските трговци беа охрабрени од податокот за растот на БДП-то на Јужна Кореја за 0,7 отсто на квартално ниво, значително повеќе од 0,4 отсто колку што очекуваа аналитичарите, и побрзо отколку во претходното тримесечје. Тоа покажува дека јужнокорејската економија е доволно силна да издржи неколку зголемувања на каматните стапки на тамошната централна бана, која се обидува да ја сузбие инфлацијата.
„Овој податок ѝ дава на централната банка во Сеул доволно простор да се насочи на својот приоритет – сузбивање на инфлацијата, пред да загрижи растот на економијата“, вели за Reuters Кетлин Оџ, економистка во „Bank of America Securities.
Сепак, на азиско-пацифичките берзи владее претпазливост, како и вчера на њујоршки Волстрит. Таму индексот Dow Jones зајакна за e 0,28, S&P 500 за 0,13 отсто, а Nasdaq индексот, пак, ослабе за 0,43 отсто.
Благите осцилации на индексите се последица од претпазливоста на вложувачите пред дводневната седница на челниците на американски Fed во среда кои веројатно повторно агресивно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за 0,75-процентни поени. Се очекува и бранот во САД на објава на кварталните резултатите на технолошките гиганти.
„Пазарот во моментов е во фаза на исчекување сите овие настани да се расплетат“, смета Мајкл О’Рурк, стратег во компанијата „JonesTrading“.
Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа
А на пазарот на валути во вторникот во рано претпладневното тргување вредноста на доларот кон кошничката валути падна втор ден со ред, и така дополнително се оддалечи од нависоките нивоа во последните 20 години.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни шест светски валути, се движи околу 106,39 поени, додека во истиот период од тргувањето во понеделникот изнесуваше 106,65 поени.
Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 136,20 на 136,40 јени.
Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0240 долари, додека во истиот период од вчерашното тргување изнесуваше 1,0210 долари.
Цените на нафтата, пак, порасна втор ден со ред, Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,74 отсто на 105,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 0,63 отсто, на 97,30 долари.