
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави во вторникот дека Турција верува дека Договорот за извоз на жито од Украина може да доведе до прекин на огнот меѓу Москва и Киев.
„Не сакам да звучам премногу оптимистички, но договорот всушност може да ја постави основата за доверба за која зборувавме претходно, што може да доведе до обновени преговори за прекин на огнот, за размена на затвореници, можеби, дури и до мировно решение“, истакна Калин во интервју за CNNTurk.
Баведе дека е премногу рано да се каже што може да се случи, но ја нагласи потребата да се надгради договорот.
Калин ја повика меѓународната заедница не само да го пофали постигнувањето на договорот, туку и да се обиде да го надгради преку позитивни чекори.
Го коментираше и рускиот напад во саботата врз воениот дел на украинското пристаниште Одеса, посочувајќи дека Турција е во близок контакт и со Москва и со Киев.