Кумановец тешко повреден во сообраќајка кај Старо Нагоричане

о понеделникот 25.07.2022 во 16.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат селото Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, во атар на селото Челопек, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.П. на 50 години од Куманово и патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Д.И. на 53 години од Србија, информира МВР.

Во несреќата, Г.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.