Украина ја обвини Русија за напад врз бродоградилиштето во Микоалаив

Руските сили ја нападнале пристанишната инфраструктура во јужниот украински град Миколаив, или познат и како Никокаев по руски, познат како економски центар во регионот и значајно бродоградилиште, објави во вторникот градоначалникот Олександр Сенкевич.

„Покренат е голем ракетен удар на југот на Украина од насока на Црното Море, со користење на авијацијата“, изјави Сенкевич за украинската државна телевизија, без да изнесе поединости за последиците од нападот.

Според локалните медиуми, во рускиот напад била погодена градската котларница и оти во моментов се проценуваат штетие. Во извештаите не се споменува ракетирање на пристанишната инфраструктура, објавувајќи ја фотографијата којашто Сенкевич ја поставил на својот Telegram канал.

Во саботата руските трупи ја ракетираа воената инфраструктура на јужното пристаниште Одеса, кое за разлика од Никоалев е попознато како трговски поморски центар, само ден откако е беше постигнат договор за извозот на житарки од црноморските пристаништа меѓу Украина и Русија, со посредство на Турција и Обединетите нации.

Договорот има цел да овозможи безбеден премин за пратките на житарки од црноморските украински пристаништа, за кои Киев тврди дека се блокирани од руските трупи. Москва, од своја страна, пак, ја обвинува украинската армија дека го оневозможила слободното пловење со минирање на приодите кон пристаништата уште пред почетокот на војната, како и дека избегнува да ги извезува житарките преку истите рути преку кои на Киев му се испорачуваат големите количества западно оружје.