Ким порача дека е подготвено нуклеарното одвраќање

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун порача дека неговата земја е подготвена да ги мобилизира своите сили за одвраќање од нуклеарен удар и да се спротистави во каков и да е воен судар со САД, а истовремено првпат го критикуваше новиот јужнокорејскиот претседател предупредувајќи дека Сеул турка кон работ на војната.

Ким ова предупредување го искажал во текот на говорот по повод одбележувањето на 69-та годишнина од примирјето во Корејската војна 27-ми јули, поради што технички сѐ уште се во војна, објави во четвртокот севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

„Судирот со САД претставуваше нуклеарна војна од војната од 1950/1953 и бараше од ДНРК да ја исполни итната историска задача на јакнење на својата самоодбрана. Нашите вооружени сили темелно се подготвени да одговорат на каква и да е криза, а одвраќањето од нуклеарна војна нашата нација, исто така, целосно е подготвена да ја мобилизира својата апсолутна сила“, рекол Ким.

Изјавата од Пјонгјанг следеше откако високи функционери од Сеул и од Вашингтон соопштија дека Северна Кореја ги завршила подготовките за својата прва нуклеарна проба по 2017 година.

Јужнокорејското министерство за обединување, задолжен за меѓукорејските прашања, соопшти во вторникот дека пости „можност“ за тестирање околу годишнината на примирјето, иако од министерството за одбрана во Сеул рекоа дека нема непосредни знаци за тоа.

Северна Кореја веројатно ќе се соочи со засилени меѓународно акции, вклучително и мерки насочени кон нејзината способност за кибернетички напади доколку продолжи со нуклеарната проба, предупредија во средата од јужнокорејското министерство за надворешни работи.

Во својот говор Ким обвини дека САД продолжуваат со „опасни, незаконски непријателски дела“ со Сеул против Пјонгјанг и „настојува да го оправда своето однесување со демонизирање“ на Северна Кореја.

Пјонгјанг одамна го обвинува Вашингтон за двојни стандарди во поглед на воените активности и спроведување на непријателските политики кон Северна Кореја, наведувајќи дека се оневозможува повторното покренување преговори со САД насочени на укинувањето на нуклеарната и ракетна програма в замена за ублажување на санкциите започнати во мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп.

„Двојниот аршин на САД, кои ги прикажува сите рутински операции на нашите вооружени сили како ‘провокација’ и ‘закана’, додека одржуваат големи заеднички воени вежби кој сериозно ѝ се закануваат на нашата безбедност, буквално преставува пљачкосување. Тоа ги доведува билатералните односи до точка во којашто тешко е можно враќањето, во состојба на судир“, рекол Ким.

Севернокорејскиот челник, исто така, првпат го осуди новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол, обвинувајќи го и дека претставува закана за безбедноста и правото на Северна Кореја на самоодбрана.

Северна Кореја од почетокот на годинава изведе речиси дваесеттина тестови на различни видови проектили, од балистички со кус дострел, хиперсонични и интерконтинентални кои можат да носат нуклеарни боеви глави.