Израелската војска на Западниот брег убила 16-годишен Палестинец

Израелски војник во петокот усмртил 16-годишен Палестинец близу пат кој води до еврејска населба на палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел палестинска територија во војната во 1967 година, објавија палестински извори додека израелската војска тврди дека отворила оган за да ги заштити возачите од демонстрантите.

Медиумите пренесуваат изјави од очевидци дека инцидентот се случил источно од Рамала и вклучувал судири на отвореното поле меѓу израелските доселеници, од кои најмалку еден бил вооружен, и Палестинците. Двете страни меѓусебно се гаѓале со камења, пренесува Reuters.

Палестинското министерство за надворешни работи го осуди убиството, нарекувајќи го „егзекуција“. Во инцидентот е застрелан уште еден Палестинец, тврдат здравствени власти и сведоци.

Израелската војска се брани дека морала да пука за да растера стотици Палестинци кои палеле автомобилски гуми и фрлале камења на патот која води кон еврејската доселеничка населба Кошав Хашачар.

„Свесни сме за извештајот за смртта на Палестинец“, соопшти израелската војска.

Израелската телевизија Channel 14 пренесува дека е повреден и еден доселеник, како и дека е убиено неговото куче. Војската соопшти како не е запознаена со тој настан во текот на судирот пред доселеничката населба, и дека се чини дека тој извештај се однеси на инцидент на друго место.