
Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15 часот во петокот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица крај Подгорица, во која загинал мотоциклист, државјанин на Македонија, пишува Вијести.
Во несреќата учествувале два автомобила и мотоциклист, кој починал на лице место.
Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње и се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.
Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње беше во прекин, поради што се формираа колони од Подгорица кон Цетиње во двата правци.