
Aмериканската дипломатка Анџела Прајс Агелер, која е номинирана од претседателот Џо Бајден и шефот на дипломатијата Ентони Блинкен за нова амбасадорка во Скопје, реферирала во четвртокот пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.
Во текот на сослушувањет Агелер рекла дека „ќе ѝ претставува длабока чест“ да се врати на служба во амбасадата во Скопје, каде што работеше во одделот за односи со јавноста во периодот од 2011 до 2014 година.
„САД и С. Македонија делат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрувањето на владеењето на правото и зајакнувањето на доброто владеење. Ако бидам потврдена на позицијата, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Северна Македонија да промовираат транспарентност, да ги истражат наводите за злоупотреби и одлучно да се спротивстават на корупцијата, за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на С. Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери. Ако бидам потврдена, ќе работам на поддршка на економската иднина на Северна Македонија преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергетска диверзификација и безбедност, како и на градење отпор на штетни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина“, рекла Агелер пред сенаторите на вчерашното сослушување.
Додале дека ќе работи на „надградување на стратешкиот дијалог меѓу двете држави, преку продлабочување на соработката меѓу армиите на двете земји“.
Потоа на сослушувањето, одговарајќи на прашања од сенаторите, Агелер рекла и дека има „бројни иницијативи за чиста енергија кои ќе ѝ помогнат на Македонија да се оддалечи од зависноста од руски гас“, посочувајќи го како пример поврзувањето со гасовод со Грција.
Доколку биде потврдена за амбасадорка, Агелер рекла и дека ќе работи на надградување на стратешкиот дијалог меѓу двете држави, преку продлабочување на соработката меѓу армиите на двете земји.
Агелер беше номинирана од Бајден да биде нова амбасадорка во Скопје на 26 мај. Досега таа беше в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во Стејт Департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста.
Агелер дипломирала на Универзитетот во Јута, а покрај англиски, зборува француски, македонски и хинди. Таа беше номинирана од Бајден да биде нова амбасадорка во Скопје на 26 мај. Досега таа беше в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во Стејт департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста. Како американски дипломат во Скопје, Агелер беше гласна во одбрана на слободата на медиумите, како и заштита на граѓанските права и слободи а беше еден од иницијаторите за првата ЛГБТ „Парада на гордоста“ во Македонија.
Агелер, по потврдувањето на нејзината номинација во Сенатот, ќе дојде на местото на Кејт Мари Брнз, која ја напушта функцијата која ја извршуваше нешто повеќе од три години.