Променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето в недела во Македнија ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец

Минималните утрински температури се движат во интервалот од 12 до 22 степни, а максималните дневни од 30 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливи облачно со врнежи во попладневните часови. Утринската температура се движи околу 18 а дневната ќе достигне 31 Целзиусов степен.

Од понеделник следува период на стабилно време. Од утре до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе резултира со намалување на температурата на воздухот.