Зеленски вели жетвата поради војната може да биде преполовена, Американци купиле третина од земјиштето во Украина,

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата изјави дека жетвата годинава би можела да биде преполовена годинава во однос на вообичаените приноси поради рускиот напад врз неговата земја, во заднината кога западни медиум известуваат дека компании од САД купиле речиси од третина од обработливото земјоделско земјиште во Украина.

„Украинската жетва годинава е под закана да биде за половина помала. Нашата главна цел е да се спречи глобална криза на храната предизвикана со руската инвазија. Сепак, житарките пронаоѓаат начин да бидат испорачани алтернативно“, објави Зеленски на Twitter.

Руското министерство за одбрана изминатите денови обвини дека украинската војска со намера гранатира житници и ја пали летината, пред најавената жетва особено во областите близу линијата на раздвојување на силите на завојуваните страни.

Украина, од почетокот на руската офанзива на истокот во западните медиуми првпат означувана како „клучен светски снабдувач со житарки“, се соочува со проблем да ги извезе своите производи, во прв ред поради небезбедноста на пловењето во Црното Море поради воените операции но уште повеќе поради подводните мини кои украинската морнарица ги поставила уште пред руската инвазија. Многу од нив се откачени од своите котви пред црноморските украински пристаништа и неконтролирани плутаат низ Црното Море, најмалку две беа откриени во Босфор во Истанбул а една во водите на црноморската романско-бугарска поморска граница.

Договорот потпишан на 22-ри јули во Истанбул со посредство на Турција и ОН предвидува безбедни коридори за бродовите кои ќе превезуваат житарки од три јужни украински пристаништа. Киев објави дека се подготвени да ги започнат испораките и дека се надеваат оти бродовите ќе испловат до крајот на седмицата, Турција објави дека првиот брод е подготвен за испловување, а Русија ја обвини дека украинската армија ги гаѓала силосите со жито во Запорожје, кое е под контрола на руските сили.

 

Компании од САД купиле третина од обработливото земјиште во Украина

Неодомана западните медиуми објавија дека откако пред точно една година во Украина стапи на сила новиот закон за продажба на земјоделско земјиште, досега три големи мултинационални конзорциуми со американски капитал во чии водства седат лица блиски на владејачкиот политички естаблишмент во Вашингтон, купиле речиси третина од украинското обработливо земјиште.

Ресурсот Australian National Review претходно седмицава наведе дека три компании купиле 17 од 62 милиони хектари земјоделско земјиште, или 28 отсто од вкупното обработливо земјиште на поранешна Украина. Вкупната површина на Украина е 603.500 квадратни километри, пред руска воена воена интервенција, а купени се 170.000 квадратни километри

Купивачи се „Cargill“, „Dupont“ и „Monsanto“, којашто формално е германско-австралиска компанија, но со американски капитал. Меѓу најважните акционери на овие компании се „Vanguard“, „Blackrock“ и „Blackstone“. Истовремено, Во исто време, „Blackrock“ е фонд кој управува со имот од 10 трилиони долари, „Vanguard“ со шест, а „Blackstone“ со 0,9 трилиони долари.

Aвстралискиoт ресурс прави паралела наведувајќи дека во цела Италија се обработливи 16,7 милиони хектари. Со други зборови, „марионетската украинска влада овозможи само три американски компании да поседуваат повеќе обработливо земјиште од една Италија, која е членка на Г-7“, пишува порталот и заклучува дека украинското земјиште повеќе не припаѓа на украинскиот народ.

Кога на први јули минатата година беше донесен и стапи на сила законот за продажба на земјоделско земјиште, цената по хектар беше околу 2.500 американски долари, но набрзо достигна 10.000 долари. Дотогаш, земјиштето поголемо од два хектари можеше да се издава само, а цената почна да расте во 2015 година, кога се појавија првите навестувања дека ќе се укине дводеценискиот мораториум за продажба на земјоделско земјиште.

Во Украина се води долга дебата за тоа дали на странците треба да им се дозволи да купуваат земјиште. Претседателот Володимир Зеленски рече дека планира да го постави тоа прашање до народот на национален референдум. Во екот на протестите на земјоделците пред владините згради, тој велеше: „Земјата им припаѓа на Украинците“. Има страшни приказни за Кинезите, Арапите или вонземјаните кои ќе ни ја однесат земјата со вагони“.

Во извештајот од април 2021 година на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF), кој е еден од најголемите странски кредитори на Украина и го направи укинувањето на мораториумот услов за нејзиниот пакет заеми во тоа време, предвидуваше во тоа време дека економското производство може да порасне од шест проценти до повеќе од 12 отсто во следната деценија, во зависност од тоа како се спроведува реформата.

И покрај широкото противење за укинување на забраната за продажба на земјиштето, „оправдување“ се најде во фактот што помина толку време без парламентот да воспостави транспарентен механизам за продажба на земјиштето, што беше една од одредбите на законот од 2001 година. Во едно од истражувањата на јавното мислење од времето на дискусиите за укинување на мораториумот, се покажа дека 81 процент од испитаниците биле против продажба на земјиште на странци, додека само 13 отсто би ја поддржале таквата практика. Дури две третини од испитаниците веруваат дека одлука од толкава важност за државата ќе треба да се донесе на референдум. Повеќе од половина или 58 отсто, верувале дека земјоделското земјиште треба да биде во сопственост на државата, како што е случајот во Канада и Израел.

Официјалната статистика пред војната покажа дека околу 30 отсто од 43,6 милиони Украинци живееле во рурални области. Според податоците на американското Министерство за трговија и Светска банка, земјоделската индустрија во Украина вработува повеќе од 14 отсто од работната сила, а извозот на земјоделски производи е најголемиот извоз на Украина.

Кога Украина беше советска република во некогашниот СССР, фармите беа колективизирани и во сопственост на државата. По распадот на СССР, оние кои работеа на фармите добија делови од земјата, иако беа потребни години за да ги донесат во нивна сопственост. Следуваше краток период во кој беше дозволена продажба на земјиштето, а потоа во 2001 година беше донесен мораториум.

Бидејќи им беше забрането да купуваат и продаваат, многу Украинци кои станаа сопственици на земјиште во средината на деведесеттите години на минатиот век, по распадот на Советскиот сојуз, немаа друг избор освен да се потпрат на независното земјоделско производство, притоа давајќи го под закуп на поголеми земјоделски „играчи“ се што остана. Во минатото, таквите закупи обично изнесуваа околу 150 долари по хектар годишно. Поради дводеценискиот мораториум, во многу делови од државата сопствениците на земјиште станаа монополисти, а со стапувањето во сила на новиот закон се наметнаа како главни преговарачи за купување земјиште.