
Косовската полиција денеска соопшти дека административните премини Јариње и Брњак сѐ уште се затворени за сообраќај, поради продолжување на блокадите кон тие премини.
Се наведува и дека започнало издавањето на влезно-излезни документи за граѓаните кои влегуваат во Република Косово со документи од Србија, јави Танјуг.
Според косовската полиција, вчера, по блокирањето на патиштата на северот на Косово, во четири случаи имало пукотници кон полицијата, но нема повредени. Се додава дека се слушнала и детонација.
Србите од северот на Косово синоќа го блокираа сообраќајот на автопатите во градот Рударе кај Косовска Митровица, кај Лешко кај Јарињ и во градот Жупча кај Зубина поток, со што изразија мирен протест против потезите на Приштина кои го загрозуваат опстанокот на Србите во Космет.
После тоа косовската полиција ги затвори Јариње и Брњак за патнички сообраќај.
По неколкучасовна тензија, Приштина на барање на САД одлучи да ја одложи примената на мерката за лични документи и пререгистрација на возила до 1 септември, но, како што беше најавено, само доколку се отстранат сите барикади.
Во меѓувреме, од полноќ секој патник со српска лична карта на административниот премин со Косово и Метохија добива влезно-излезен документ, во кој се наведени датумот и времето на влез во Космет, како и употребениот премин. со лични податоци на патникот.