
Во неделата вечерта околу 21,45 часот на автопат Гевгелија-Скопје, кај клучка Миравци, патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки не застанало на знак за запирање даден од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“.
Набргу, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 лица мигранти кои биле спроведени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.