
Постојаното зголемување на трошоците за живот во Австрија ги принудува граѓаните да штедат, а интересно е на што би заштедиле Австријците, а на што не.
Истражувањето на јавното мислење покажа дека Австријците ќе штедат на намирници и на посети на ресторани, но не и на користење автомобил.
Околу половина од испитаниците рекле дека имаат намера поретко да одат во ресторани и да штедат пари при купување намирници, пренесува Танјуг.
Вакви мерки за заштеда најавиле 36 отсто од населението, а 46 отсто од Австријците сакаат да ја намалат и потрошувачката на енергија. Сепак, нема заштеда само во автомобилите. Така, околу 43 проценти покажуваат подготвеност да штедат во однос на автомобил, а слична е состојбата и во однос на набавката на облека и на електроника.