Поранешниот германски канцелар Шредер повика на пуштање на рускиот гасовод Северен тек 2

Поранешниот германски социјалдемократски канцелар Герхард Шредер повика на брзи ставање во функција на завршениот руско-германски гасовод Северен тек 2 со цел да се намали финансискиот товар врз граѓаните во Европа.

Во интервјуто за германското списание Stern и за телевизијата RTL/n-tv, Шредер вели дека пуштањето во нормална работа на спомнатиот гасовод чија работа се суспендирана поради војната во Украина, во рамките на казнените мерки на Западот против Русија, може да биде најлесниот начин за надминување на моменталниот проблем во Европа со недостигот од гас, што погодува на растот на цените и севкупно на животните трошоци.

„Најлесното решение би било да биде пуштен во употреба гасоводот Северен тек 2. Тој е веќе завршен. Доколку работите тргнат сосема лошо, постои овој гасоводи и со функционирањето на двата цевковода на гасоводот не би имале проблем со снабдувањето за германската индустрија и германските домаќинства“, појаснува Шредер.

Поранешниот германски канцелар го осудува одбивањето на актуелната влада од проектот, предупредувајќи на последици во иднина, меѓу кои според него во прв ред е намалувањето на животниот стандард на германското население.

„На многумина, кои веќе мора да го пребројуваат секој (евро)цент, ќе им биде уште потешко. Ти тогаш во Германија ќе прашаат: зошто немаме гас преку гасоводот Северен тек 2? Зошто?“, додава Шредер.

Истовремено Шредер потсетува на големата зависноста на германската индустрија од енергенсот, велејќи дека поради недостигот од гас земјата наскоро може да се најде во досега невидена ситуација кога Федералната мрежна агенција ќе треба да одлучува кој индустриски сектор или компанија ќе добива гас а кој нема. Како пример, ги наведува проблемите со кои се соочува најголемиот хемиско концерн BASF, кој според некои информации е пред колапс.

„Доколку BASF престане да добива гас, BASF ќе се соочи со голем проблем, а ние Германците со огромен“, резимира Шредер.

Натаму поранешниот германски канцелар вели дека договорот меѓу Москва и Киев за деблокадата на извозот на украинските житарки би можело да отвори пат кон можни примирје, откако првиот брод со пченка во вторникот од Одеса доплови до Турција.

„Добрата вест е што Кремљ сака испреговарано решение… Првиот успех е  договорот околу извозот, можеби тоа може лесно да се прошири до примирје“, додава Шредер.

Шредер престојувал во Русија минатата седмица. Првично за новинарите изјави дека во Москва заминува на одмор, но подоцна неговата сопруга Со Јонг Ким-Шредер изјави за Spiegel дека поранешниот германски канцелар не отпатувал на одмор, туку дека преговара за енергетските политики.

Шредер беше германски социјалдемократски канцелар во периодот од 1998 до 2005 година, а откако ја напушти должноста беше во управувачките одбори на руските енергетски гиганти „Газпром“ и „Роснефт“. Тој и рускиот претседател Владимор Путин се долгогодишни пријатели и приватно се дружеа. Но од избувнувањето на војната во Украина често беше напаѓан за одржување на контактите со Путин, и се бараше да ја осуди изрично улогата на Русија во судирот, а особено на Путин. Под таквите притисоци Шредер се повлече од должноста во надзорниот одбор во „Роснефт“ и се повлече од кандидатурата во управниот одбор на „Газпром“ или во водството на операторот со суспендираниот гасовод Северен тек 2.