
Честитки УМС! Вака се бори за Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ е горд на вас. Борбата продолжува, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Од УМС вчера информираа дека двајца членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се назначени на високи функции во најголемата студентска организација во Европа, European Democrat Students.
-Се работи за Тодор Конески кој е назначен за Копретседател на работната група за Економија и Трговија и Дамјан Коњановски кој ќе биде главен и одговорен урдник на BullsEYE, официјалното списание на ЕДС.
Земајќи ја во предвид специфичната политичка состојба во која се наоѓа Македонија, ова е уште една можност вистината за Македонија да ја претставиме во меѓународни рамки!
Ова е уште еден огромен успех на УМС, која своите позиции ги зацврстува со двајца членови во раководството на најголемата и најстарата студентска организација во Европа.