
Гери Невил не верува дека Манчестер Јунајтед и под водство на новито стратег, Ерик Тен Хаг ќе направи чудо и на крај ќе се пласира на првите четири позиции кои нудат елитен фудбал во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед не е задоволен со преодниот рок кој го имаат „ѓаволите“ и посочи дека со ваквиот тим тешко дека би се избориле за излез во најелитното европско натпреварување.
– Не мислам дека Манчестер Јунајтед со актуелниот состав може да заврши на четвртото место, но доколку го донесат Де Јонг и плус уште еден напаѓач тогаш приказната ќе биде поинаква, -изјави Невил.