
Сообраќајот е прекинат на магистралниот пат Струмица – с.Ново село поради случена сообраќајна несреќа, информираа од АМСМ.
„Од 14.10 ч. сообраќајот на магистален пат Струмица – с.Ново село , на делницата од Струмица кон с.Дабиле во близина на клучката кон с.Сачево е во прекин поради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот е пренасочен е по локален спореден земјен пат“, стои во нивното соопштение испратено до медиумите.