
Фудбалерите на Брегалница славеа со 1:2 на гостувањето кај Академија Пандев на стартот од новата сезона во Првата фудбалска лига, додека повратникот во елитата Силекс беше подобар од Работнички со 2:0.
Пандевци беа подобар тим во првото полувреме и добрата игра ја крунисаа со голот на Душан Јоковиќ во 16 минута.
Но, работите на сменија во второто полувреме, кога Брегалница за само четири минути постигна два гола и направи пресврт вреден три бода. Прво Дарко Додев во 62 минута со одличен шут го израмни резултатот, а потоа Александар Ристески погоди за триумф.
Во дуелот на поранешните шампиони, повратникот во елитата Силекс со 2:0 го совлада Работнички и тоа благодарение на головите на Арсен Љарамари и на Филип Стојчевски во второто полувреме.
Фото: fkbregalnica.mk