
Мостот Ванан, најдолгиот древен премин во Кина стар повеќе од 900 години целосно се урна како последица од пожар, изестуваат во неделата локалните медиуми.
Објектот се наоѓа во округот Пингнан, во источната провинција Фуцјиан, Пожарот избувнал изминатата ноќ, и до претпладнето во неделата бил целосно изгаснат. Во несреќата нема настрадани, а надлежните служби отвориле истрага за причините за пожарот.
Вкупната должина на мостот изнесувала 98,2 метри, а бил широк 4,7 метри. Подигнат е пред 917 година во време на владеењето на династијата Сонг (960 – 1279 година). Мостот Ванан еднаш преживеал пожар во 1742 година, по што бил обновен. Во 2006 година беше вброен на листата заштитени локалитети на национално ниво и се сметаше за најдолг дрвен мост во лак во Кина.