Русија тврди дека во Украина уништила 45.000 тони муниција од земјите на НАТО

Во регионот на Николаев, во јужна Украина, руските сили уништиле арсенал со 45 илјади тони муниција испорачани на украинските вооружени сили од земји членки на НАТО, објави во неделата руското министерство за одбрана во дневниот брифинг за операциите на украинското боиште.

„Уништен е арсенал во близина на Вознесенск, каде што беа складирани 45.000 тони муниција коишто неодамна на украинските вооружени сили им беа испорачани од земјите од НАТО“, се наведува во соопштението со податоци кои медиумите не можат да ги потврдат од независни извори, додека Киев вообичаено не ги коментира таквите наводи од Москва.

Во соопштението се додава и дека руските војски погодиле три командни пунктови, баталјон на 66-та украинската механизирана бригада кај селото Очеретино, баталјон на 109-та бригада на украинската територијална одбрана кај Берестка во Доњец, како и борбени позиции на и воена опрема на украинската армија во 173 окрузи на украинска територија.

Руското министерство за одбрана во дневниот извештај наведува и дека руските единици во Украина недалеку од градот Часов Јар, на територија на одметнатата пороруска област Доњецк која сѐ уште е под контрола на украинската војска, бил уништен ракетен систем на противвоздушна одбрана „Бук-М1“ и пет магацини за муниција, од еден сместен во фабрика крај селото Даночное во истата Бахмутска област.

Руската воена авијација, се додава, во нападите во Украина изминатото деноноќие неутрализирала околу 130 украински војници и осум борбени и други воен возила на украинските сил крај Артемовск.

Покрај тоа, тврдат од Москва, во текот на артилериските битки, руските сили успеале да потиснат четири украински батерии на ракетните системи „Град“, две единици од типот „Мста-Б“ и „Хиацинт-Б“ во Доњецката област, а биле соборени и осум украински беспилотни летата. Во областа на Харков, пак, во борбите биле уништени 130 припадници на украинските формации кои Москва ги смета за неонацистички и претходно седмицава ги стави на руската листа терористички организации.